Фудбал
Реал посилен во финишот на сезоната
Реал Мадрид во самиот финиш од сезоната ќе влезе посилен со Даниел Карвахал.
Имено, според шпанските медиуми, Карвахал се опоравил од повредата на бутниот мускул и започнал да работи со топка.
По репрезентативната пауза, тој ќе се приклучи на тимот, така што главниот тренер Зинедин Зидан ќе може да го искористи во последниот дел од сезоната.
Поради проблеми со повредите, овој играч има одиграно само на два натпревари во Реал Мадрид оваа сезона.
Да потсетиме, Карвахал е член на Реал Мадрид од 2013 година, а претходно играше за Б тимот на мадридскиот гигант и мина една сезона во Баер Леверкузен.