Connect with us

Фудбал

Јунајтед нуди вистинско богатство за играчот за врска на Атлетико Мадрид

Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе во своите редови играчот за врска на Атлетико Мадрид, Маркос Љоренте.

Одличниот 26-годишен играч за врска игра сезона од соништата, а неговите добри игри не поминаа незабележано, па се повеќе има клубови кои би сакале да го видат во своите редови.

Еден од нив е Манчестер Јунајтед, кој наводно контактирал со челниците на Атлетико и им понудил 80 милиони евра за овој одличен играч за врска.

Шпанските медиуми пишуваат дека челниците на клубот немале намера да го продадат Љоренте, но на крајот тие се подготвени да ги разгледаат сите понуди, вклучително и оваа од Јунајтед поради финансиски загуби предизвикани од пандемијата на корона вирусот.

Сепак, во случај да ја прифатат понудата на Јунајтед, не им оди во прилог тоа што Љоренте нема намера да го напушти клубот каде што сè му одговара и кој неодамна му ја зголеми платата.

На крај, треба да се додаде дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да ги дуплираат приходите на 26-годишниот играч за врска во споредба со оние во Мадрид, па ќе видиме на лето дали ќе можат да ја одбијат „неморалната“ понуда од островот.