Фудбал
ПСЖ го губи трпението со Мбапе: Повлекоа потег што Реал Мадрид трпеливо го чекаше
Килијан Мбапе сè уште нема донесено одлука дали ќе потпише нов договор со ПСЖ.
Мбапе има договор со парижаните до летото 2022 година и тогаш ќе може да го напушти клубот како слободен агент. Сепак, ПСЖ прави се за да ја продолжи соработката и нивната цел е да го продолжат договорот до крајот на оваа сезона.
Сепак, ситуацијата не е многу оптимистичка, иако преговорите меѓу клубот и Мбапе траат веќе неколку месеци.
„Ле Паризиен“ објави дека го губат трпението во клубот затоа што Мбапе сè уште не го прифатил новиот договор, иако му ги понудија сите услови што ги побара.
Многумина веруваат дека тоа значи дека Мбапе сака да го напушти клубот, а доколку не го потпише договорот до крајот на сезоната, се очекува ПСЖ да го стави на трансфер листата со цел да се избегне можноста да си замине без обештетување на крајот на договорот.
Медиумите во Франција наведуваат дека Парижаните се подготвени да ја намалат цената за него и дека ќе го ослободат за сума од 120-150 милиони евра. Мбапе најмногу се поврзува со Реал Мадрид, а дали ќе го гледаме во дресот на кралскиот клуб од следната сезона останува да видиме.