Фудбал
ФОТО: Муниаин направи потег минатата ноќ како ретко кој во историјата на фудбалот
Поразот против најголемиот ривал секогаш боли повеќе од другите.
Атлетик Билбао загуби од Реал Сосиедад во историското финале на Купот на кралот со минимални 1:0.
Икер Муниаин го допре трофејот пред натпреварот и со тоа ја „разбуди“ клетвата, а по мечот направи навистина потег што ретко се гледа.
Додека сите негови соиграчи беа во соблекувалната, тој остана сам на теренот, гледајќи како играчите на Реал Сосиедад слават и им аплаудираше.
??? De las derrotas también se aprende. Bravo Muniain, ¡respeto al rival hasta el final!https://t.co/80G6zdiNMB pic.twitter.com/AqNPaUCY3b
— Deportes Cuatro (@DeportesCuatro) April 3, 2021
Иако очите му беа полни со солзи од тага поради поразот, тој собра храброст и гледаше како неговите најголеми ривали го слават својот прв трофеј по 34 години.