Connect with us

Фудбал

Мино Рајола се огласи за милионските провизии за него и таткото на Ерлинг Халанд

Менаџерот на 20-годишниот фудбалер Ерлинг Халанд, Мино Рајола се огласи на социјалните мрежи откако медиумите објавија дека тој бара милионски провизии од евентуалниот трансфер на неговиот клиент. Освен за него, навотно барале провизии и за таткото на фудбалерот, Алф-Инге Халанд.

Точно е дека двајцата имале средби со претставници на Барселона, но и Реал Мадрид за евентуален трансфер, но новинарот Жерар Ромеро од Каталонија, објави детали од разговорот каде наводно се барани милионски провизии.

Според тврдењата на новинарот, тие барале: 20 милиони евра провизија за него, исто толку за таткото на фудбалерот. 30 милиони нето плата за Ерлинг Халанд, Меси да остане во Барселона и да се плати комплетната сума која ќе ја побара Борусија Дортмнд.

За менаџерот Мино Рајола, ова се лажни вести.