Фудбал
Парижаните строго ги казнуваат Баварците за промашувањата: Одлична асистенција на Нејмар за голот на Маркињос
Фудбалерите на ПСЖ во моментов играат на гостински терен против Баерн.
Парижаните добро го отворија натпреварот и поведоа во третата минута кога мрежата ја затреси Килијан Мбапе.
Баерн тогаш создаде неколку фантастични шанси за 1:1, но Кејлор Навас со одлични одбрани го спаси ПСЖ.
А, казната за овие промашувања пристигна во 28-та минута. Нејмар со одлична долга топка го пронајде Маркињос кој ја избегна офсајд стапицата и го совлада Ноер со 2:0.
Парижаните имаат голема предност на првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.