Фудбал
Мбапе повторно го врати ПСЖ во водство
Пет гола на мечот Баерн -ПСЖ, стрелец е повторно Килијан Мбапе.
Баерн практично доминира во текот на целата игра, напаѓа, создава можности и резултатот пристигна, но ПСЖ е немилосрден.
Дека Килијан Мбапе е идниот најдобар играч на светот покажа во 68. минута од натпреварот.
Прими една топка на левата страна, се намести на десната нога и погоди.
Во таа шанса, ја шутна топката низ нозете на Боатенг, а на Ноер не му преостана ништо друго освен да ја следи топката со очи.