Фудбал
Дали е ова последно „Ел Класико“ за Лионел Меси, откако замина Роналдо нема гол, ниту асистенција
Вечерва со почеток во 21:00 часот се игра големото „Ел Класико“. Овој меч може да биде клучен во трката за титулата, со оглед на распоредот на табелата. Атлетико е прв со 66 бодови, следува Барселона со 65, па Реал Мадрид со 63. Се чини дека пораз никој не сака.
Според првичните најави Реал Мадрид ќе настапи без Варане, Карвахал, Рамос и Азар, а на спротивната страна ќе ги нема Фати, Нето и Кутињо.
Во изминатите години секогаш на „Ел Класико“ во фокусот биле Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Втора година по ред Португалецот го нема, а остана само неговиот најголем конкурент. Но, Меси како да не е мотивиран без Роналдо. Според статистиката откако заминал Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, одиграни се шест „Ел Класика“. Лионел Меси има разочарувачки учинок, нема гол, нема ниту една асистенција. Колку за споредба. Кога Роналдо бил во Шпанија, се одиграле 32 мечеви. Меси на тие пресметки постигнал 20 голови и 11 асистенци.
Но, се поставува прашањето дали е ова последното „Ел Класико“ и за Аргентинецот. Тој се уште не го продолжил договорот со Барселона кој му истекува во јуни. Информациите од Каталонија се дека новиот претседател Лапорта напорно работи на овој случај, но засега нема конкретно инфор дека Меси ќе каже „Да“. Напротив шпекулациите се големи за негово заминување, особено ако се вратиме помалку од една сезона назад и се потсетиме дека тој самиот бараше раскин на договорот кој не го доби, па мораше да остане.