Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Солскјер за глумата на Сон-Да го направи тоа мојот син, не би добил јадење

Манчестер Јунајтед преку пресврт славеше на гостувањето кај Тотенхем со 3:1. Но, „Црвените ѓаволи“ први поведоа, сепак голот на Кавани беше поништен, поради претходнен прекршок на МекКени врз Сон. По прегледувањето на снимката судијата покажа фаул и го поништи голот, бидејќи МекКени со рака во лицето го удри Сон. За многумина играчот на Тотенхем глумел, а истото мислење го дели и тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

-Играта се изгуби, апсолутни се изгуби. Тоа е чиста грешка што ја гледаше таа ситуација бидејќи голот е чист. Не би требале да бидеме измамени на таков начин. Да мојот син остане да лежи така три минути и му требаат десет пријатели да му помогнат да стане, тогаш нема да добие подоцна ништо за јадење, изјави Солкјер, алудирајќи на она што го направи Сон, односно чекаше помош иако контактот беше минимален.