Connect with us

Фудбал

ФОТО: Милан и Атлетико се повлекоа, Јувентус тактизира, Реал и Барса останаа сами

По Интер, се откажа и Милан. „Росонерите“ се вториот од вкупно трите италијански клубови кои беа потписници на документот за формирање на европската Суперлига. Останува уште Јувентус. „Старата дама“ се огласи преку социјалните мрежи. Но, иако велат дека во моментов не гледаат можност за реализирање на оваа идеја, сепак во текстот нема конкретно никаде како кај Интер и Милан дека се повлекуваат од Суперлигата. Сепак, очигледно е дека ниту Јувентус нема да биде дел од оваа лига.
Остануваат само Реал и Барса, бидејќи и Атлетико одби да учествува. Но, само со овие три клуба, сметајќи го и Јувенту, без другите најбогати и големи, Суперлигата не е можна. Слободно може да се каже дека оваа идеја е мртва, барем засега.