Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Момчето падна од голот за време на протестот на Олд Трафорд

Сцените од Олд Трафорд кога навивачите го напаѓаа теренот го обиколија целиот свет.

Голем број навивачи беа на протестите против раководството на „Црвените ѓаволи“, а неколку стотици од нив се најдоа на теренот.

Меѓу оние што го извршија упадот беше и еден млад навивач. Некако ова момче успеа да се искачи на голот, но немаше многу пријатно спуштање.

Младиот навивач се обиде да излезе од мрежата на голот, но тој изгуби контрола и падна.

Така, неговиот обид за селфи на голот на Олд Трафорд беше многу болен, но тој очигледно го исполни она за што дојде на култниот стадион.