Фудбал
Исповед на поранешен соиграч на Балотели: Никогаш не сум видел такво нешто во животот
Марио Балотели е човек за чии скандали и надвор од фудбалскиот терен често се зборува.
Италијанскиот фудбалер често знаеше да направи тешки испади и со право го носи епитетот на лошо момче во европскиот фудбал.
Неговиот поранешен соиграч од Ливерпул, Рики Ламберт раскажа навистина неверојатна приказна за Супер Марио додека го носеше дресот на великаните од „Енфилд“.
Балотели често не сакаше да тренира, а Ламберт потсети на сè што се случуваше на тренинг.
„Тој беше добро момче, но кога и да стапнеше на теренот ќе станеше поинаква личност“, ја започна приказната Ламберт и продолжи:
„Искрено, никогаш не сум видел такво нешто. Тој даваше се од себе во натпреварите, но не беше ниту блиску на тренингот. Тој цело време се расправаше со Брендан Роџерс на тренинг. Не ми сметаше што играше пред мене на почетокот, но кога видов како тренира и пота да игра, тоа почна да ми смета“, рече Ламберт.
Порано намерно постигнуваше автоголови и со тоа ги расипуваше тренинзите на сите.
„Тој едноставно ќе ја „изгубеше глава“. Ако работите не одеа како што тој сакаше, тој ќе го расипеше тренингот. Тој би ја шутнал топката, намерно ќе постигнуваше автоголови. Разговарав со Харт за тоа и тој ми рече дека е таков беше и во Манчестер Сити. Побарав совети од колегите од Сити за тоа како да се справам со него. Тие само ќе одмавнеа со главата“, рече Ламберт.
Ламберт пристигна во Ливерпул како страшен стрелец, но постигна само три гола на 36 настапи. Очигледно Балотели имаше големо влијание врз него, па на „Енфилд“ овој напаѓач помина само една сезона.
Балотели, пак, играше 28 пати за „црвените“ и постигна четири погодоци.