Connect with us

Фудбал

Нејмар го избра играчот од соништата со кој сака да игра, тоа не е Меси!

Нејмар со години е меѓу најдобрите играчи во светот. Иако честопати е осудуван за неговите симулации, несомнено е дека Бразилецот е „крем де ла крем“ на светскиот фудбал.

Во текот на својата кариера, 29-годишниот играч играше со некои од најдобрите играчи. Тој исто така имаше многу звучни имиња за своите противници.

Бразилската суперarвезда изненади со изборот на играч од соништата со кој би сакал да игра во блиска иднина. Интересно, изборот не падна на Лео Меси.

Нејмар се одлучи за Кристијано Роналдо, кој сè уште игра во импресивна форма, што не може да се каже за неговиот Јувентус, кој е близу до тоа да остане без Лигата на шампионите.

„Би сакал да играм со Кристијано Роналдо. Тоа е нешто што би сакал да го сторам затоа што веќе играв со Меси или играм со Килијан Мбапе, но не сум бил во можност да играм со Кристијано“, рече Нејмар.

Сега 29-годишниот бразилски ас неодамна го продолжи договорот со ПСЖ до 2025 година, па единствениот начин да се игра со Роналдо е Португалецот да пристигне на Паркот на принцот.

„Големо задоволство е да останам во ПСЖ. Среќен сум во Париз и горд сум што сум дел од оваа група, што работам со овие играчи, одличен тренер и заедно ја пишуваме историјата на клубот“, рече Нејмар, додавајќи:

„Ова се работите што ме тераат да верувам уште повеќе во овој одличен проект. Јас созреав тука како личност, како маж и како фудбалер. Среќен сум што ја продолжувам соработката и се надевам дека ќе освојам уште многу трофеи“, рече Нејмар .

Деталите за договорот меѓу Нејмар и ПСЖ не се официјално познати, но Нејмар без сомнение е еден од најплатените фудбалери во светот.

Се претпоставува дека тој ќе заработуваат 30 милиони евра годишно, а во договорот има и дополнителни бонуси кои можат дополнително да ја зголемат оваа бројка.