Connect with us

Фудбал

Фотографијата на Халанд во дресот на гигантот привлече големо внимание

Ерлинг Халанд е главната приказна за летниот преоден рок.

Одличниот норвешки напаѓач е мета на многу европски великани, но тимот на Борусија Дортмунд нема намера да го продаде.

Неговиот татко Алф-Инге Халанд и менаџерот Мино Раиола, веќе започнаа преговори со голем број клубови, па тие ги посетија Мадрид, Барселона и одржаа состаноци со тимови од Англија.

Сепак, Борусија има јасен став дека нема намера да го продава летово и засега најреална опција е норвешкиот напаѓач да остане во дресот на тимот од Дортмунд.

Секако, објавите на Халанд на социјалните мрежи се секогаш особено интересни, а тој денес објави интересна фотографија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erling Braut Haaland (@erling.haaland)

Халанд објави фотографија од одморот каде го носи дресот на аргентинскиот великан Бока јуниорс и воодушеви многу навивачи на овој тим.

Очигледно е дека норвешкиот напаѓач има симпатии кон овој великан на светскиот фудбал и тоа го покажа на овој начин.

Халанд зад себе има уште една феноменална сезона. За Борусија одигра вкупно 41 натпревар и постигна 41 погодок и 12 асистенции.