Фудбал
ФОТО: Дресови на Лукаку, а залепиле Џеко, дали фановите на Интер имаат нов идол?
Интер на отворањето на новата сезона славеше со убедливи 4:0 на домашен терен против Џенова. Со убедлива победа ја започнаа одбраната на титулата. Иако е сам прв меч, а иако Џенова не е мерило, сепак избраниците на новиот тренер Симоне Инзаги одиграа одличен меч во кој доминираа целосно, одиграа атрактивно и напаѓачки, па навивачите беа среќни и задоволни.
Но, не беа задоволни кога заминаа Конте, Лукаку и Хакими. Особено беа револтирани кога замина „Кралот на Милано“ како што го нарекуваа Лукаку. Откако се дозна дека токму тој изразил желба да замине, навивачите на Интер го уништија неговиот мурал во Милано.

Сега, на дуелот со Џенова можеа да се забележат интересни моменти. Имаше навивачи кои го носеа дресот на Лукаку со број 9, но врз презимето на Белгиецот, залепија рачно напишана хартија со новото засилување Един Џеко. Тој денеска постигна гол во победата од 4:0 и запиша една асистенција. Иако фановите беа скептични кога Интер го ангажираше, со оглед на тоа дека има 35 години, се поставува прашањето дали по денешниот меч тие имаат нов идол.