Connect with us

Фудбал

Куман брутално искрен: Без Меси сега не се плашат од Барселона

Барселона синоќа одигра 1:1 на гостувањето кај Атлетико Билбао, а по мечот тренерот Роналд Куман повторно беше прашан за Лионел Меси.

-Не сакам за тоа да зборувам, но сепак станува збор за најдобриот фудбалер на светот. Кога тој е на теренот противникот се плаши, сега не е така, вели Куман и додава:

-Ако ја дадете топката на Меси, тој обично не ја губи. Се гледа дека тој повеќе не е тука. Свесни сме за тоа, но не можеме да го промениме тоа, изјави Куман.

Лионел Меси се уште чека на своето деби за ПСЖ, кое најверојатно ќе биде во септември.