Connect with us

Фудбал

Шок во Торино, Роналдо одбил да игра против Удинезе, сака да замине?!

Кристијано Роналдо не е во почетниот состав за мечот на Јувентус против Удинезе, кој се игра во 18:30 часот. Тој е во протоколот, се наоѓа на клупата за резервни фудбалери, а одговор на ова прашaње даде спортскиот новинар Фабрицио Романо.

Тој тврди дека самиот Кристијано Роналдо одбил да настапи на денешниот меч, бидејќи побарал да замине, односно да го напушти тимот.

Засега Јувентус не добил официјална понуда од некој клуб, но пред неколку дена се појавија информации во медиумите дека неговиот агент Мендеш го понудил на Манчестер Сити. Имаше и информација дека Кристијано Роналдо ќе биде замената за Килијан Мбапе во ПСЖ, но Французинот се уште не заминал во Реал Мадрид.