Фудбал
ВИДЕО: Наполи преку пресврт до победа против Јувентус, барем до утре лидери во Серие А
Одличен натпреавр одигра Наполи кој на домашен терен славеше со 2:1 против Јувентус. „Старата дама“ поведе по само 10 минути игра со голот на Мората, по што домашниот тим тргна во целосна офанзива. Напаѓаше кон голот на Јувентус, но сепак за гол Наполи чекаше до 57-та минута кога Политано израмни на 1:1. Во 85-та минута Кулибали погоди за пресврт и победа од 2:1. Јувентус по три кола е без победа, се наоѓа на 16-то место, додека Наполи со 9 бодови во моментов е лидер во Серие А, барем до утре додека Рома, Интер и Лацио не ги одиграат своите мечеви.
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас го одигра само првото полувреме.