Фудбал
Ули Хенес ја вжештува атмосферата пред вечерашната пресметка: Барселона е „шворц“, да беше во Германија одамна ќе беше во стечај
Ули Хенес, поранешен претседател на Баерн Минхен даде изјава која сигурно ќе значи подгревање на атмосферата пред вечерашната пресметка помеѓу Барселона и Баерн Минхен во првото коло од новата сезона во ЛШ од групната фаза.
Како што е познато Барса има големи финансиски проблеми, а тој само долеа масло на огнот.
„Барселона е „шворц“, во Германија одамна би била пред стечаен судија, рече Хенес.
Што се однесува до Баерн, Хенес изјави: Нашата штедна книшка, која беше полна, сега е многу помала. Таа сè уште постои, но ако продолжи вака долго време, ќе дојдат тешки времиња.