Connect with us

Фудбал

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити влегоа во историјата на ЛШ

Натпревар со многу голови, вкупно 9 одиграа Манчестер Сити и Лајпциг во првото коло од групната фаза во ЛШ. „Граѓаните“ славеа со убедливи 6:3, а Пеп Гвардиола и англискиот тим влегоа во историјата на најелитното фудбалско клупско натпреварување.

Имено, тие станаа вториот тим кој најбрзо стигнал до 50 победи во ЛШ. На 91 настапи, Манчестер Сити синоќа стигна до 50-та победа, а пред нив е само Реал Мадрид кој со одиграни 88 мечеви стигнал до 50 победи.