Connect with us

Фудбал

Јувентус очаен, ваков лош старт немале во изминатите 60 години

Јувентус е очаен сезонава, барем во овие неколку воведни кола. По четири одиграни мечеви, „Старата дама“ нема ниту една победа, а забележале две нерешени и два порази. Не беа поразени синоќа против Милан и на стартот со Удинезе, а доживеаја порази од Наполи и Емполи.

Досегашниот учинок е доволен само за ниското 18 место на табелата.

Во таа 1961/1962 сезона кога Јувентус последен пат вака стартуваше на крајот заврши како 12-ти, што секако е нешто кое навивачите не го сакаат сезонава. Треба да се спомене и дека вчерашниот натпревар на Јувентус беше 18. во низа во Серија А на кој прима гол.