Фудбал
Меси нема да игра против Мец, дали е ова казна за „инцидентот“ со Покетино, или нешто друго?!
Тренерот на ПСЖ, Покетино одлучи да го извади Меси одигра во 73-та минута против Лион (2:1), а тоа не му се допадна на Аргентинецот. При напуштањето на теренот, Меси не сакаше да се поздрави со Покетино.
Пораси тоа, како што пишуваат француските медиуми ќе следува казна. Имено, Меси нема да биде во составот на ПСЖ на гостувањето кај Мец.
Сепак, други медиуми тврдат дека неиграњето на Меси против Мец е резултат на повреда. Наводно имал мала повреда на левото колено, поради што нема да игра поради претпазливост. Дел од медиумите велат дека во наредните 48 часа Меси ќе направи дополнителни прегледи.
Мечот се игра утре вечер во 21 часот.