Connect with us

Фудбал

Тој е потпретседател, има 50 деца, осуден е за дрога, но нема проблем може да игра на меѓународен фудбалски натпревар

Потпретседателот на Суринам, Рони Брунсвајк, одлучи да игра за свој сопствен фудбалски клуб во КОНКАКАФ лига, јужноамериканската верзија на Лига Европа, станувајќи најстариот играч во едно меѓународно клупско натпреварување.

Тој одигра 54 минути за Интер Мунготапу на мечот против Олимпија на возраст од 60 години и 168 дена, на стадионот што го носи неговото име, а во тимот беше и неговиот син Дамјан. Интер притоа изгуби со 0:6 и ќе има мали шанси за пресврт во реваншот во Хондурас.

Брунсвајк е човек со богато и контроверзно минато. Според „Њујорк тајмс“, тој бил бунтовнички лидер за време на граѓанската војна во Суринам во 1980-ите и 1990-ите, а во Холандија и Франција е осуден на затворски казни во отсуство за трговија со дрога. „Њујорк тајмс“ објави и дека е татко на најмалку 50 деца.