Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Хаос на теренот, навивачите влетаа, го бркаа тренерот со палки, незадоволни од резултатите

Ситуацијата во фудбалскиот клуб од БиХ, Вележ Мостар излезе од контрола. Револтирани од лошите резултати, при резултат од 0:2 во корист на Борац Бања Лука, домашните навивачи влегоа на теренот, и со палки го бркаа тренерот и фудбалерите.

Дуелот е прекинат при водство на тимот од Бања Лука од 2-0 поради влегување на навивачите на домашната екипа на теренот. Имено, голем број на навивачи на Вележ влегле на теренот поради што судијата Сабрија Топаловиќ го прекина мечот.

Навивачите прво го нападнале првиот судија, незадоволни од судењето, по што хулиганите тргнаа кон гостинските фудбалери.