Connect with us

Фудбал

Тешки времиња во Барселона, Куман дојде, прочита соопштение и замина-Не очекувајте чуда (ВИДЕО)

Тешки времиња во Барселона. Клубот кој пред неколку години беше на врвот, ги покоруваше противниците, ги газеше, важеше за тим од кој сите се плашеа, сега наликува на маалки клуб. Имено, тренерот Роналд Куман се појави на прес конференција, прочита соопштение, стана и замина. Не дозволи ниту едно прашање од новинарите. Прес конференцијата беше во пресрет на мечот со Кадиз кој се игра утре. Наместо за тоа, Куман зборуваше за тешките моменти, за реконструкцијата, па бараше и поддршка.

-Клубот е со мене во овие тешките моменти на реконструкција. Економската ситуација е тесно поврзана со спортскиот проект. Ние како тим, мораме да ја реконструираме екипата без големи вложувања, а за тоа е потребно време. Талентите можат да бидат фудбалски ѕвезди за неколку години. – Младите ќе добијат шанси, како што во свое време ги добија Чави и Иниеста, но потребно е да се има трпение. Да се остане високо на табелата во Примера ќе биде успех оваа сезона. Европскиот фудбал е добра школа за овие млади таленти, но во Лигата на шампионите не можат да се очекуваат чуда, читаше Куман од лист, а кога заврши, стана и замина.