Фудбал
ВИДЕО: Барселона без „муниција“, само два удари на голот на Кадиз
Екипата на Барселона доживеа уште еден кикс, или одигра слаб меч. Имено, статистиката не е онаа како што сме навикнале да гледаме кога игра тимот од Каталонија. На мечот со Кадиз одигран синоќа, фудбалерите на Барселона имаа само два удари во рамките од голот, а вкупно шест кон голот.
Каталонците немаат пораз во новата сезона, но сепак учинокот е слаб. Од пет меча имаат 2 победи и три нерешени средби. Со само 9 освоени бодови се наоѓаат на 7-то место и уште сега имаат седум помалку од лидерот Реал Мадрид.