Connect with us

Фудбал

Емотивно фото: Младата ѕвезда на Барса по 11 месеци се врати на теренот, постигна гол и отрча да го гушне клупскиот лекар

Ансу Фати го прослави својот прв настап за Барселона од ноември 2020 година, постигнувајќи гол, само десет минути откако излезе од клупата.

18-годишниот фудбалер, кој паузираше 323 дена поради сериозна повреда на коленото, при што беа потребни четири операции, се врати за дуелот на клубот против Леванте во неделата попладне.

И не му требаше многу време за да влијае врз играта и резултатот. На 2-0 по головите на Мемфис Депај и Лук де Јонг во воведните 15 минути, менаџерот Роналд Куман одлучи да му даде шанса на талентираниот напаѓач.

Новата 10-ка на Барса го искористи моментот и постигна гол за конечни 3:0. За голот се заблагодари на медицинскиот тим на Барса, во прегратка со главниот клупски доктор.

„Не замислував вакво враќање. Тука секогаш треба да победуваш. Среќен сум за победата, но има уште многу да се игра. Им благодарам на докторите и физотерапевттите кои беа со мене. Исто така и на навивачите, изјави Фати.