Фудбал
ФОТО: Николов во дрес на Реал Мадрид ја прослави шокантната победа на Шериф на „Сантијаго Бернабеу“
Шериф Тираспол е лидер во групата во конкуренција со Реал Мадрид, Интер и Шахтјор. Синоќа стигнаа до шокантна победа од 2:1 на гостувањето кај „Кралевите“. Македонскиот репрезентативец Николов во игра влезе во самиот финиш на мечот, а по завршувањето, во соблекувалната го прослави триумфот облечен во дрес на Реал Мадрид. Дресот му го подарил Лука Модриќ.