Фудбал
Дали е крај?! Лапорта го избрал наследникот на Куман, вечерашното дерби одлучува
Барселона вечерва му гостува на Атлетико Мадрид во дербито на колото во шпанската Примера. Евентуален пораз на Каталонците ќе значи и крај на соработката со тренерот Роналд Куман. Доколку загуби, тогаш Куман ќе добие отказ. Дел од каталонските медиуми веќе објавија дека е познат и неговиот наследник, односно изборот на Жоан Лапорта. Првиот човек на Барселона наводно го одбрал актуелниот тренер на Ајакс, 50-годишниот Ерик тен Хааг.

Планот на Лапорта е да го донесе Тен Хејг по натпреварот против Атлетико Мадрид, но ситуацијата е комплицирана со важечкиот договор на одличниот тренер со холандскиот шампион.
Во последните денови се истакнаа четири имиња (Пирло, Марсело Гаљардо, Роберт Мартинез и Чави), но Лапорта донел неочекувана одлука и се одлучил за Тан Хаг.