Connect with us

Фудбал

На кого му „телефонираше“ Суарез откако го постигна голот против Барселона, дали на Куман?!

Луис Суарез постигна гол во победата на Атлетико Мадрид од 2:0 против Барселона. Токму од тимот од Каталонија тој пристигна во Мадрид. На сите е познато на кој начин Роналд Куман, сегашниот тренер на Барса се откажа од него, со образложение дека е стар. Сепак, Суарез во минатата, но и оваа сезона покажува дека има уште што да покаже, а минатата година освои титула со Атлетико.

Иако рече дека нема да го слави голот за Атлетико против Барселона, сепак имаше гестикулации. Тој „телефонираше“, а потоа беше прашан од новинарите, на кого му „вртел“.

Тренерот на Барселона, Роналд Куман кој поради суспензијата, натпреварот го следеше од ложата, постојано зборуваше на мобилен телефон, се лутеше, се фаќаше за главата, правеше гримаси….Новинарите мислеа дека токму за Куман беше упатена гестикулацијата. А, знаеме дека Куман телефонски му јавил на Суарез кога беше во Барселона дека нема да смета на неговите услуги.

-Поради луѓето кои го имаат мојот број, кои знаат дека не го променив, изјави Суарез, кој притоа откри на кого беше наменета гестикулацијата.

-Тоа беше шега која ја договорив со своите деца, порача напаѓачот.