Фудбал
Куман призна, не знае уште колку „кредити“ има, три меча на кои мора да победи, инаку…
На прес -конференција по синоќешниот натпревар и пораз од Атлетико Мадрид од 2:0, самиот тренер на Барселона, Роналд Куман призна дека повеќе не е сигурен колку долго ќе „кредити“ кај претседателот на каталонскиот клуб.
-Не знам уште колку време ќе имам “кредити”кај претседателот. По репрезентативната пауза, имаме три натпревари на домашен терен и треба да ги добиеме сите три како што знаеме, инаку … , остана недоречен Куман.
По репрезентативната пауза, Барселона ја пречекува Валенсија на домашен терен, а три дена подоцна, киевскиот Динамо пристигнува како гостин во третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Но, третиот натпревар кој очигледно е дел од ултиматумот на Лапорта е „Ел Класико“. Имено, Барселона ќе игра против Реал Мадрид дома на 24 октомври, а после тоа очигледно ќе се знае судбината на Куман.
Со оглед на резултатите што ги пружа Барселона во последно време, тешко е да се очекува дека ќе победат на сите овие натпревари.