Фудбал
ВИДЕО: На ПСЖ не му помогнаа ниту Меси, Мбапе и Нејмар, немаа ниту еден удар во рамките на голот, Рен го знае „лекот“
Екипата на Рен направи голем успех откако попладнево го совлада ПСЖ со 2:0. Не помогнаа ниту Меси, Мбапе и Нејмар кои заедно играа од првата минута. Рен го знаеше „лекот“, па славеше за прв пораз на ПСЖ.
Кога шансите не се користат, секако казната стигнува. Првата преку Лаборд, а втората само што почна вториот дел преку Тет. Во второто полувреме иако ПСЖ се обиде со сите сили да нападне, сепак дефанзивата на Рен одлично го затвори Меси, Нејмар, па и Мбапе, кој постигна гол, но беше поништен поради офсајт. Токму овој поништен гол беше единствениот удар во рамките на голот на фудбалерите на ПСЖ.
