Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Фантастични половина час на „Енфилд“, Ливерпул два пати водеше, Манчестер Сити се спасуваше

Еден час на „Енфилд“ имаше надмудрување, тактичка игра и поставеност. Но последните половина час на дербито во Премер лигата помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити донесоа многу возудувања. Ливерпул два пати водеше, Сити два пати се спасуваше.

Домаќините поведоа со голот на Мане во 59-та минута. Десет минути подоцна Фоден израмни на 1:1. На сцена стапи Мухамед Салај во 76-та минута и му донесе ново водство на Ливерпул. Сепак, Де Брујн пет минути подоцна, или поточно во 81-та израмни на 2:2, што се покажа како конечен резултат.

Ливерпул остана на второто место по овој меч со 15 бодови, еден помалку од лидерот Челзи. Со 14 бодови од третата до шестата позиција следуваат Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Евертон и Брајтон.