Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Каква магија на Мухамед Салах, фудбалерите на Сити изгледаа како мали деца

Ливерпул и Манчестер Сити одиграа 2:2 во фантастични половина час игра. Иако претходно имаше тактично надмудрување, сепак последните половина час игра донесоа вистински англиски фудбал. Два пати Ливерпул водеше, два пати Сити се спасуваше. Прекрасни два погодоци видовме, на Салах и Де Брујн. Сепак, неспоредливо е она што го направи Египќанецот. Тргна во соло продор, надмудри неколку фудбалери на Сити, кои изгледаа како мали деца во овој негов налет и ја заби топката во мрежата на гостите. Ова беше шести гол за Салах и е на првото место на листата.