Фудбал
ВИДЕО: Македонските надежи се спасуваа од пораз против Фарски Острови
Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година, не успеа да забележи победа на гостувањето кај Фарски Острови. Одиграа само 1:1, но можеше да биде и полошо со оглед на тоа дека нашата селекција имаше негатива. Јохансон уште во 8-та минута и донесе предност на селекцијата на Фарски Острови.
Во 55-тата минута Марко Ѓорѓиевски израмни на 1:1, а во продолжението од мечот иако избраниците на селекторот Драган Канатларовски беа подобри, сепак не успеаја да постигнат уште еден гол.
Од три одиграни меча, Македонија нема ниту една победа. Има реми против Србија и Фарски острови и пораз од Франција.
Следниот меч во квалификациите за ЕП, нашите надежи го играат на 12-ти овој месец против Ерменија во Скопје.
