Connect with us

Фудбал

Сега е ОФИЦИЈАЛНО: Њукасл доби нови газди, преку ноќ стана еден од најбогатите клубови во светот

Англиската Премиер лига денеска потврди дека Њукасл доби нови сопственици. Саудискиот конзорциум го купи тимот од „Сент Џејмс Парк“ од Мајк Ешли по година и пол разговори и бројни пречки. Сега, популарните „страчки“ станаа еден од најбогатите клубови во светот преку ноќ. Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија ќе поседува 80 проценти од клубот, предводен од принцот Мохамед Бин Салман.

Остатокот од сопственоста ќе биде во сопственост на Аманда Ставли и браќата Рубен, а Јасир Ал-Румајан истакна големо задоволство што инвестицискиот фонд го презеде Њукасл.

-Горди сме што станавме нови сопственици на  Њукасл Јунајтед, еден од најпознатите англиски клубови. Благодараме на навивачите за поддршката и во наредните години ќе работиме заедно за да го подобриме тимот, се вели во соопштението.