Connect with us

Фудбал

Роналдо доби награда и се израмни со Вејн Руни

Кристијано Роналдо е прогласен за играч на месецот во Премиер лигата. На три меча постигнал три гола, два против Њукасл и еден против Вест Хем, а против Астон Вила не успеа да се запише во листата на стрелците.

Со ова Кристијано Роналдо се израмни со Вејн Руни. Двајцата сега имаат по пет признанија играч на месецот во Премиер лигата.