Фудбал
Барселона добила неверојатни понуди: Подготвени сме да ви помогнеме да го донесете Халанд
Раководството на клубот, предводено од претседателот Жоан Лапорта, прави се за да ги намали долговите на Барселона, но и покрај тоа, Барса нема огромни средства за засилувања.
Имаа желба во Барселона да го донесат норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, но финансиските трошоци за трансферот се огромни и невозможни за Каталонците.
Сепак, се појави можност Халанд сепак да заврши на Камп Ноу. Весникот Спорт тврди дека одредени инвестициски фондови се подготвени да и помогнат на Барселона да го ангажира Халанд.
Тие се подготвени да инвестираат во овој трансфер со секако одредени парични надоместоци од клубот во иднина.
Клубот што сака да го ангажира норвешкиот напаѓач ќе мора да издвои 75 милиони евра како компензација за Борусија, но и огромни цифри за играчот и менаџерите.
Наводно, Халанд бара неверојатна плата од 50 милиони евра по сезона, додека агентот Мино Раиола бара 40 милиони евра за себе.
Инвестицијата во Халанд е навистина огромна и ќе видиме дали Барселона ќе ги прифати понудите средства за да го добие неверојатниот Норвежанец.