Фудбал
Го купи Њукасл, а сега принцот од Саудиска Арабија понудил милијарда евра за италијанскиот гигант
По купувањето на Њукасл за околу 350 милиони евра, Саудискиот инвестициски фонд (ПИФ) кој е под директна надлежност на принцот Мохамед бин Салман е подготвен да плати дури милијарда евра за купување на Интер.
Преговорите помеѓу ПИФ и кинеската компанија Сунинг која е сопственик на Интер започнаа уште минатата година, но беа стопирани во април годинава кога во јавноста се појави веста за формирањето на европската Суперлига.
Сега преговорите се обновени и првиот состанок е одржан за време на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Интер и Реал Мадрид кој се играше на 15 септември.
Тогаш била доставена понудата тешка милијарда евра од страна на Саудискиот инвестициски фонд,и семејството Жанг кои се сопственици на компанијата Сунинг, се во искушение да ја прифатат бидејќи финансиската ситуација во Интер не е најдобра.