Фудбал
Човекот кој финансиски ја уништи Барселона сега тврди: Да останев јас, Меси немаше да замине
Поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Бартомеу, кој практично е посочуван за човек кој финансиски го уништи клубот и го презадолжи со над една милијарда евра, се огласи со изјава која уште повеќе ги налути навивачите. Имено, тој вели дека одлуката да се дозволи Меси да замине е сосема погрешна и да бил тој претседател, Аргентинецот ќе останел во клубот.
-Да се пушти Меси беше погрешно. Јас да бев во клубот, тој немаше да замине. За овој клуб е важен човек затоа што неговиот спортски и економски допринос не може да се мери. Тој е повеќе од фудбалер. Зошто не беше среќен? Тоа мора да го прашате него, вели Бартомеу.
Како што е познато, а тоа и Меси го изјавил, причината поради која заминал се финансиите, односно оптоварениот буџет на клубот. Со неговото заминување, Меси практично вели дека го спасил тимот од целосен финансиски колапс.