Фудбал
ВИДЕО: Мајсторски, ама и мангупски гол на Роберт Левандовски, Баерн го „гази“ Леверкузен
Баерн Минхен во овие моменти го „гази“ Леверкузен. Само што започна вториот дел, а пред паузата беше неверојатни 5:0. Левандовски беше стрелец на два, како и Гнабри, а еден гол постигна Милер. Особено беше атрактивен првиот гол на Левандовски во 4-та минута за 1:0, кога мајсторски, мангупски со пета го совлада голманот на противничкиот тим.