Connect with us

Фудбал

Македонецот вечерва на „Џузепе Меаца“, со неговиот тим против Интер по ново чудо

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов и неговиот тим Шериф Тираспол гостуваат на „Џузепе Меаца“ во рамките од третото коло од групната фаза во ЛШ. Тие се хитот досега, откако на два меча забележаа две победи, дома против Шахтјор и на гости против големиот Реал Мадрид. Шериф и Николов посакуваат ново чудо, односно нова победа, вечерва против Интер.

Токму Шериф е лидер во групата со 6 бодови, пред Реал Мадрид кој има 4, па Интер и Шахтјор кој имаат по еден бод. Овој натпревар, како и останатите вечерва на програмата се од 21:00 часот.