Connect with us

Фудбал

ФОТО: Емотивно, тренер испиша историја со клубот, а потоа доби отказ, седеше сам на клупа

Фабрицио Кастори испиша историја со Салернитана, ја внесе во Серие А по пауза од 22 години. Беше прогласен за градски амбасадор, но сега доби отказ. Лошо му одеше на тимот во најсилната италијанска лига, па раководството одлучи да се разделат. А, кога некој ќе донесе успех голем, а потоа мора да следува разделба, е тоа е емотивно. Го покажа тоа и Кастори, кој по отказот беше фотографиран како седи сам на клупа на една од гратските улици. Таму останал подолго време.

Инаку, Кастори беше сменет по поразот од Специја со 2:1 викендов, а на осум кола во Серие А, Салернитана има само 4 бода и се наоѓа на последното место на табелата.