Connect with us

Фудбал

Се случи она што се очекуваше, Њукасл му врачи отказ на тренерот, новиот тренер нема да биде големо име

Њукасл имаше лоши резултати, па се чини дека отказот за Стив Брус беше неминовен. Шпекулациите за негово заминување, односно раскинување на договорот, се зголемија откако Арапите го купија тимот.

Њукасл потврди дека ја завршиле соработката со Стив Брус, а се чека неговиот наследник. Се чини дека нема да биде големо име, барем не до крајот на оваа сезона. „Скај Спортс“ тврди дека нов тренер ќе биде Паоло Фонсека. Дали ќе остане до крајот на сезоната или ќе го предводи тимот и во летниот период кога Арапите планираат големи промени, останува да се види.

Њукасл сега на Брус треба да му исплати 8 милиони фунти обесштетување.