Фудбал
ВИДЕО: Соиграчот на Николов кога постигнува гол, тоа го прави на фантастичен начин, како против Реал Мадрид, така и против Интер
Најголемото изненадување во Лигата на шампионите, Шериф Тираспол, за кој настапува нашиот Бобан Николов немаше сили за нова сензација. Откако во претходните две кола ги совлада Шахтјор на домашен терен, а потоа и Реал Мадрид на гости, синоќа на „Џузепе Меаца“ загуби со 3:1 од Интер.
Но, и на овој меч, како и на дуелот со Реал Мадрид, Себастијан Тил постигна фантастичен гол. Се чини дека тој кога постигнува погодок тоа се вистински евроголови. Фантастичен гол постигна за победа против Реал од 2:1, а синоќа од слободен удар на прекрасен начин го совлада Хандановиќ.
Голот на Себастијан Тил против Интер е на 05:10 минути во видеото
Голот на Себастијан Тил против Реал Мадрид