Фудбал
Роналдо им одговори на Кјелини и Бонучи: Освоив се!
Пред два дена дефанзивците на Јувентус Џорџо Кјелини и Леонардо Бонуџи имаа слични изјави во кои порачаа дека ќе беше подобро Кристијано Роналдо да заминеше порано. Тие тоа го поткрепуваат што тој заминал непосредно пред почетокот на сезоната и тимот немал доволно време да се подготви за периодот без него.
Сега, Португалецот во интервју за Скај Спорт им одговори на неговите поранешни соиграчи.
-Не се плашам од што луѓето зборуваат за мене. Не е мој проблем ако некој не сака да види што сум направил во кариерата. Освоив се!, изјави Роналдо.