Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Се е подготвено за „Ел Класико“, ова се почетните состави

За помалку од еден час почнува „Ел Класико“. Прво во Примера без Лионел Меси и Серхио Рамос, двајца култни играчи, едниот на Барса, а другиот на Реал Мадрид. Секако дека без разлика што можеби двата тима не се на ниво од пред неколку сезони, па и минатата, сепак ривалството е големо и се очекува голема битка. Кој ќе победи останува да се види, бидејќи никогаш на ваквите мечеви не се знае, иако Реал Мадрид во моментов е во подобра форма.

СОСТАВИ:

БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Дест, Пике, Бускетс, Мемфис, Ансу Фати, Жорди Алба, Де Јонг, Мингеза, Ерик, Гави

РЕАЛ МАДРИД: Куртоа, Лукас Васкез, Милитао, Алаба, Менди, Касемиро, Крос, Модриќ, Родриго, Бензема, Винициус