Connect with us

Фудбал

И тоа се случи, сака да го продолжи договорот со Барселона, но менаџерот не му дозволува

Шпанските медиуми пишуваат дека Дембеле сака да остане во Барселона, но проблемот е неговиот менаџер. Имено, Муса Сисоко направил хаос со тоа што го убедувал францускиот фудбалер да прифати понуда на други клубови.

Наводно, некои клубови му нудат многу повеќе пари на Дембеле, но поентата е дека и Сисоко би добил огромен бонус бидејќи на тој начин неговиот клиент би дошол во клубот без обештетување по истекот на договорот со Барселона.

Барселона има се помалку трпение за Дембеле и му дава рок од еден месец да одлучи дали ќе го продолжи договорот или ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната.

Сисоко е најголемиот проблем бидејќи Дембеле сака да остане и ќе биде интересно да се види како фудбалерот на Барселона ќе го реши овој необичен проблем.