Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Два гола на Енис Барди против Атлетико Мадрид, два пати го спасуваше Леванте

Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна два гола на пресметката на Леванте со Атлетико Мадрид. Гостите два пати водеа, но два пати Барди беше прецизен од белата точка, од кои вториот пат во самиот финиш на мечот со што го спаси Лаванте од пораз.

Инаку, Барди подолго време беше надвор од теренот поради повреда, се врати на претходниот меч и одигра неколку минути. Синоќа натпреварот го почна од првата минута.