Connect with us

Фудбал

ФОТО: Мурињо не смееше да влезе во соблекувална, па јадеше на скалите

Жозе Мурињо беше суспендиран и не можеше да ја води Рома, која со пресврт стигна до цел плен кај Каљари.

Португалскиот тренер е доста активен на социјалните мрежи. Последната фотографија ја сподели по овој натпревар и покажа како се одвиваше неговата вечер за време на гостувањето на Сардинија.

View this post on Instagram

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

„Завршен натпревар, три бода, убава храна (не смеам да влезам во соблекувална)“, напиша Мурињо.

Со победата римјаните се вратија на победнички пат и скокнаа на четвртата позиција на табелата во Серија А.